Врз основа на одредбите од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20 од 16.02.2020 година и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 294/2021 од 27.12.2021 година), Друштвото за производство, трговија и услуги МАВРАТЕХ ДООЕЛ Скопје, ја донесе следната:

 

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Во оваа Политика на приватност, ќе ги најдете сите релевантни информации што се однесуваат на употребата на личните податоци на нашите корисници кои ја посетуваат нашата интернет страница.

 

1.КОНТРОЛОР НА ЗБИРКИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Контролор на личните податоци е  МАВРАТЕХ ДООЕЛ Скопје, со седиште во Центар на  ул.11-ти Октомври бр.1-локал 4 и 4А.

МАВРАТЕХ ДООЕЛ Скопје воспоставува систем за заштита на личните податоци преку примена на соодветни технички и организациски мерки за да обезбеди ниво на безбедност соодветно на ризикот.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти.

 

2. ЧИИ ПОДАТОЦИ СОБИРАМЕ

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата интернет страна. Вообичаено собираме податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна.
  • Баратели и други физички лица кои оставиле свој контакт на веб-страната и поднеле барање или порака до контролорот.

 

3. КАТЕГОРИИ НА ПОДАТОЦИ КОИ СЕ ОБРАБОТУВААТ

3.1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 30 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

3.2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате (име и е-маил адреса) со цел да ни пратите одредена порака или да ни доставите некакво барање.

 

4. КАКО ГИ СОБИРАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Личните податоци ги собираме Вашето користење на нашата веб страна, со наведување на Вашата е-маил адреса и име.

 

5. КАТЕГОРИИ НА КОРИСНИЦИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на МАВРАТЕХ ДООЕЛ Скопје, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

 

6. ВРЕМЕ НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во планот и листите согласно прописите за архавски материјал и списокот со рокови на чување на личните податоци на МАВРАТЕХ ДООЕЛ Скопје.

 

7. КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Александра Ѓаковска на следниов e-mail:  [email protected]

 

8. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност редовно се менува и дополнува во зависност од настанатите промени и нашите активности.

 

9. ИНФОРМАЦИИ ЗА КОЛАЧИЊА

Ние користиме колачиња за да го олесниме пребарувањето во Платформата, да разбереме како комуницирате со нас и, во одредени случаи, да можеме да ви прикажеме реклами во согласност со вашите навики на пребарување.

*Текстот за колачиња може да го погледнете во Политика на колачиња