Брендови

Terranova, color your life!

Terranova е синоним за радоста на живеењето и страста за убавина.

Terranova е POP бренд роден во 1988 во Ромања. Бренд за сите.

Нашите производи од линии за машка, женска, детска и долна облека се шарени и иновативни, но, најмногу од се достапни.

Уживаме да им даваме на нашите клиенти младешки, тренди и достапни производи, гарантирајќи добра вредност за парите и најдобар сооднос цена-квалитет на пазарот.

Нашиот заштитен знак е обрнувањето внимание на деталите и разновидноста на боите што ги нудиме додека покриваме три основни стилови: easy-glam, урбан и спортски.

Блескањето е наш заштитен знак и сакаме да споделуваме креативност, идеи, страст и ентузијазам.

Calliope

Calliope е бренд во кој е отсликан нов и модерен италијански стил.

Лансирана во 2005 година, Calliope донесе гламур во куќата на Тедди, а ние го нарековме гламурна светлина.

Преку него ги интерпретираме светските трендови и на купувачите им нудиме модни колекции со парчиња кои се издвојуваат, но не се екстремни, за да ги задоволиме потребите и вкусовите на сите потрошувачи во контекст на животот – работа, слободно време и специјални прилики.

Имаме женска, машка и детска колекција преку кои сите можат да го креираат својот уникатен стил, одбирајќи меѓу големиот број на основни модни парчиња и бои.

Embrace wonder е нашиот стил затоа што сакаме да го прифатиме чудото како наше и да возвратиме со најдоброто од нас.